25 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНова генерација на моделот Ford Galaxy (фото+видео)

Нова генерација на моделот Ford Galaxy (фото+видео)

galaxy ford

„Ford“ за време на автосаемот во Њујорк ја претстави новата генерација на моделот „Galaxy“. Од компанијата се категорични дека заедно со подобрената управливост и однесувањето на патот, моделот демонстрира и повисока технологија и функционални способности.

Новиот „Ford Galaxy“ е изграден на платформата на миниванот „S-Max“, а континуитетот во дизајнот меѓу двата модела е очигледен. И иако двата автомобила си личат доста, клучна одлика на новиот „Galaxy“ повторно е практичноста.

galaxy ford1

Затоа само со притискање на едно копче вториот и третиот ред седишта формираат целосно рамен под. Дополнителни две седишта исто излегуваат само со една команда, а според претставник на компанијата преминот од товарен кон патнички автомобил трае неколку секунди.

galaxy ford2

Во споредба со претходната генерација, новиот „Galaxy“ демонстрира повеќе место за превезување на дополнителен багаж. Под подот на багажникот е лоциран скриен 20-литарски простор, а џебовите на вратите и просторот под седиштата се поголеми. Патниците сместени во последниот ред имаат повеќе простор за нозете, со потпирачи за раце и со сопствен систем за вентилација.

galaxy ford3

За подобрената управливост на возилото помага нов електричен засилувач на воланот и интегрално алуминиумска задна суспензија. Слична шема во „Ford“ е користена за новите „S-Max“ и „Mondeo“.

galaxy ford4

Новиот „Galaxy“ располага со индивидуализирани амортизери, нудејќи три режими – „Comfort“, „Normal“ и „Sport“. Освен тоа задната суспензија на моделот има систем за одржување на клиренсот при поголемо оптоварување.

Купувачите ќе можат да избираат меѓу поекономични и помоќни мотори. Највисоко ниво на опрема доаѓа со 2,0-литарски битурбо дизел мотор „TDCI“ со моќност од 210 КС и 450 Нм. Истиот мотор, но со една турбина, е достапен со 120, 150 и 180 КС.

galaxy ford5

Палетата бензински мотори нуди и 1,5-литарски „EcoBoоst“ кој развива 150 КС, како и со 2,0-литарски агрегат од истото семејство со 240 КС.

Меѓу електронските асистенти се системите за следење на лентата на движење и на „мртвите“ зони, системот за следење на состојбата на возачот, автоматско префрлување на светлата, систем за спречување на судир и пешаците, и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП