4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие пролетни намирници ќе ви помогнат да ги отстраните зимските килограми

Овие пролетни намирници ќе ви помогнат да ги отстраните зимските килограми

pecurki-pecurki5454849464

Преку зимскиот период голем број на луѓе ја зголемуваат својата тежина, односно ставаат плус неколку зимски килограми на своето тело. Токму затоа ви претставуваме неколку намирници кои ќе ви помогнат брзо да го намалите вишокот килограми.

Јагоди

Освен што се овошје кое е создадено за уживање, јагодите исто така можат значително да ви помогнат и при слабеењето. Најновото истражување потврди дека лицата кои јадат осум грама повеќе влакна, губат половина килограм повеќе на 1.000 внесени калории. За среќа, јагодите се преполни со влакна, па можете да ги јадете секојдневно.

Јајца

Преполни се со протеини и лесно заситуваат. Доколку за појадок јадете јајца, ќе видите дека ќе бидете значително посити, па со самото тоа ќе го намалите и внесот на друга храна.

Зелена салата

Салата е преполна со вода која ви помага да се заситите побрзо, па доколку ја изедете пред главното јадење, помалку ќе изедете од оброкот, па така ќе се заштитите и од дебелеење. Доколку не сакате салата, истата работа ќе ја постигнете и со консумирањето на супа од зелечук.

Печурки

Освен што имаат вкус на месо, печурките исто така во себе содржат и одредени фактори и квалитети како црвеното месо. Истражувањата покажаа дека доколку изедете една порција печурки, ќе се заситите исто како да сте изеле една порција месо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП