3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоетот Христо Петрески учествува на Интернационален фестивал во Турција

Поетот Христо Петрески учествува на Интернационален фестивал во Турција

hristo-petreski111

Македонскиот поет Христо Петрески од 7-12 април ќе учествува на Интернационален поетски фестивал во Истанбул (Турција).

Тој е единствен претставник од Република Македонија, а на Фестивалот ќе настапат вкупно 33 поети од целиот свет. Годинава, во фокусот на претставувањата на националните поезии е Сомалиската поезија.

Покрај поетските настапи, предвидени се повеќе панел дискусии на следниве две теми: инспирацијата од градовите (метрополите) и перспективите на светската поезија. Инаку, идејата и целта на овој голем и значаен Меѓународен поетски фестивал во Истанбул е дека творештвото и уметноста не признаваат граници, односно да се намалат и исчезнат сите идеолошки, политички, културни, етно-национални и други бариери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП