КОМПАНИИ

Како McDonald’s во Германија ќе се бори за поголема добивка

mcdonalds1

Во обид да ја задржи позицијата на германскиот пазар „McDonald’s“  ја воведува опцијата послужување, а компанијата ќе се бори за поголема добивка на овој пазар и преку други иновации.

Најголемиот светски ланец на ресторани за брза храна истражува нови решенија вклучувајќи ја и идејата за нарачки на дигитален киоск, наместо чекање во ред, но и опција за послужување на масите.

Ќе бидат понудени и посебни бургери но и нов ресторански ланец за да се подобри добивката и со цел „McDonald’s“ поуспешно да се натпреварува на овој пазар со неговите најголеми конкуренти.

Германскиот пазар заедно со американскиот, јапонскиот и австралискиот, се најважни за оваа компанија.