Економскиот раст во Велика Британија во 2014 година е ревидиран нагоре на 2,8 проценти според третите, последни прелиминарни податоци на британскиот национален Завод за статистика.
Најновите податоци го потврдуваат доброто здравје на британската економија, неколку недели пред парламентарните избори.
Според претходната проценка, економскиот раст бил за 0,2 проценти понизок и изнесувал 2,6 проценти, пренесува АФП.
Бруто домашниот производ (БДП) во четвртиот квартал е зголемен за 0,6 проценти, а не за 0,5 проценти како што беше претходно објавено.