25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСнегот го затвори патниот правец од Струга кон Ќафасан

Снегот го затвори патниот правец од Струга кон Ќафасан

tovarnivozilazabranasneg

Лошите временски услови, врнежите од дожд и снег, го отежнуваат сообраќајот на неколку патни правци низ државата. Поради обилни врнежи од снег, сообраќајот на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан е во прекин за сите видови на возила.

Поради остатоци од снег на коловозите, забрани за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Пресека, како и на патните правци крак Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси. За патничките возила движењето е отежнато и се препорачува употреба на зимска опрема.

Поради отежнатите услови во западниот дел од државата, за патување до Охрид и Струга препораките од надлежните се да се користи патниот правец Скопје – Велес – Прилеп – Битола.

На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај с.Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

На регионалниот пат Гевгелија – локалитет “Смрдлива вода” во м.в. “Длабок дол”, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.

На патниот правец  Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази дојдено е до попуштање на патот преку двете коловозни ленти (расцеп околу 20 цм). Сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента.

На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с.Просениково –  с.Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП