7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Mitsubishi Outlander дебитираше во Њујорк (фото+видео)

Новиот Mitsubishi Outlander дебитираше во Њујорк (фото+видео)

out lander

„Mitsubishi“ го покажа новиот „Outlander“ на посетителите на автосаемот во Њујорк.

Моделот не е од новата генерација, но и покрај тоа демонстрира над 100 новини во однос на претходната верзија. Тие се како визуелни, така и механички.

out lander1

Што се однесува до дизајнот, тој е инспириран од концептот „PHEV Concept-S“, прикажан на саемот во Париз во есента 2014-та година. Формите се подинамични, а доминираат зголемената решетка на ладилникот, бројни хромирани елементи, издолжени челни светла, нови „LED“ светла од позади, различни бандажи итн.

Внатрешноста исто е надградена, нудејќи волан со нов дизајн, променета централна конзола, нов инфо-систем, богат избор од тапацир и украси и друго. Од „Mitsubishi“ посочуваат исто така, дека ентериерот добил подобрени седишта и звучна изолација, а употребените материјали се со висок квалитет.

out lander2

Во моментов се познати моторите со кои моделот ќе се нуди во САД. Тоа се два бензински агрегати – 2,4-литарски и 3.0-литарски, со моќност од 166 и 224 КС.

Во Европа, новиот „Outlander“ ќе биде достапен и во дизел модификација, како и во хибридна верзија, нудејќи полнење на батериите од електричната мрежа.

out lander3

Промени во однос на претходната верзија на „Mitsubishi Outlander“ се правени исто така на подвозјетп, а воланот доби ново електрично серво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП