6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчката агенција за приватизација со нов директор

Грчката агенција за приватизација со нов директор

greece-flag

Извршниот директор на атинскиот водовод и канализација ЕУДАП, Стелиос Ставридис, ќе биде нов директор на грчката Агенција за приватизација.

Оваа одлука, како што јави дописникот на МИА од Атина, е објавена денеска, откако досегашниот директорт на Фондот за приватизација (ТАИПЕД), Такис Атаносопулос викендов поднесе оставка.

Атанасопулос е еден од тројцата државни функционери кои во последните три дена се повлекоа од функциите поради истрага во поранешниот борд на Јавната корпорација за струја.

Генералниот директор за индустрија во Министерстото за развој Спирос Ефстатопулос, денеска соопшти дека се повлекува од функцијата, откако беше соопштено дека се подигнуваат обвиненија за злоупотреба на должноста против поранешните менаџери во Јавната корпорација за струја.

Атанасопулос и генералниот секретар во Министерството за финансии Јоргос Мергос оставки поднесоа во саботата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП