4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung во првиот квартал бележи нов пад на приходите

Samsung во првиот квартал бележи нов пад на приходите

AUSTRALIA-JAPAN-US-SKOREA-IT-SAMSUNG-APPLE-PATENT-COURT

Компанијата „Samsung“ веројатно забележа нов, шести последователен, пад на приходите во штотуку завршениот квартал јануари-март, но инвеститорите сметаат дека овој јужнокорејски гигант ќе се подигне оваа година благодарение на новите смартфони и добрата продажба на полупроводници.

Аналитичарите проценуваат дека телефонот „Galaxy s6“ и неговата верзија „edge“ со заоблен екран одлично ќе се продава, со оглед на првичните позитивни критики.

Исто така мислењата се дека новите модели од средната класа ќе ја поттикнат продажбата, со што се поддржуваат предвидувањата на оние кои мислат дека падот на резултатите на секторите за комбинирани уреди наскоро ќе му припаѓа на минатото.

Вредноста на акциите на „Samsung“ на средината на март достигна раст од 8,6 проценти, по зголемувањето од 12,1 проценти во претходниот квартал, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП