16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМицотакис ја повика ЕУ да не и дава пари на Грција

Мицотакис ја повика ЕУ да не и дава пари на Грција

micotakis 254

Грчки опозициски пратеник и поранешен министер побара од Европската унија да не и исплати пари на Грција додека новата влада не потврди во пракса дека ќе ги спроведе договорените реформи.

Киријакос Мицотакис во интервју за германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung ја повика ЕУ преостанатите седум милијарди евра кредитна помош да не и ги исплати на Грција само врз основа на спискот на реформи кои ќе ги достави владата, изразувајќи сомневање дека владејачкото мнозинство во грчкото Собрание ќе ги поддржи реформите.

Мицотакис (48), пратеник и почесен претседателот на либерално-конзервативната партија Неа демократија која ја формираше неговиот татко и поранешен премиер Констандинос Мицотакис (96), до јануари годинава беше министер за реформи на админситрацијата.

„Се надевам дека (ЕУ) ќе ја повиката владата (на Грција) низ Собранието да протурка барем еден реформски закон, како потврда дека навистина има мнозинство кое би ги одобрило реформите“, рече Мицотакис.

„Ова треба да биде апсолутен приоритет, бидејќи веројатно значителен дел од пратениците на владејачка Сириза нема да ги поддржат реформите и владата ќе остане без мнозинство“, вели Мицотакис.

Грчката влада со недели има проблем со неколу пратеници кои негодуваат поради тоа што владејачката партија Сириза се откажала од предизборните популистички ветувања, пред се да ја прекине соработката со странските доверители и да донесе просперитет во соработката со Русија, Кина и арапските инвеститори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП