26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија ќе основа посебно тело за борба против корупцијата

Бугарија ќе основа посебно тело за борба против корупцијата

bg rep

Следејќи го примерот на Романија, и Бугарија ќе основа посебна единица за борба против корупцијата, во обид да се ослободи од негативниот углед како една од најкорумпираните европски држави.

Корупцијата ја уништи довербата на бугарскиот народ во јавните институции и веќе се години го отежнува нивното рабоење. Брисел повеќепати ги критикуваше бугарските власти поради тоа што не успејаа да ја запрат корупцијата што се случува на високо ниво, како и реформирањето на своето бавно и неефикасно правосудство. Ова се главните причини поради кои Бугарија во моментов не може да стане дел од Шенген зоната.

Новата единица за борба против корупцијата ќе се состои од обвинители, истражувачи и инспектори и ќе биде оперативна најдоцна до почетокот на 2016 година. Владата проценува дека повеќе од 7 илјади државни службеници би можеле да завршат под истрага. Луѓето кои до властите ќе пријават корупција ќе бидат парично наградени доколку нивната пријава резултира со осуда за пријавениот, пишува Reuters.

„Бугарија има проблем со корупцијата. Мораме да напреднеме во борбата против корупцијата на високо ниво“, изјавила бугарската вицепремиерка Магдалена Кунева, додавајќи дека нејзината земја сака да го следи примерот на Романија, која за корупција истражи и осуди бројни угледни политичари и службеници.

Борбата против корупцијата и реформите во правосудството се најважните ветувања на премиерот Бојко Борисов, кој се врати на власт по победата на предвремените избори во октомври минатата година.

„Таа антикорупцика стратегија меѓутоа, треба да има широка политичка поддршка, како и поддршка од целиот правосуден состав. Инаку нема да има резултати“, изјавил бугарскиот политички аналитичар Даниел Смилов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП