5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриходите на Американците повторно намалени, исклучок најбогатите

Приходите на Американците повторно намалени, исклучок најбогатите

amerikanci 3

Приходите на повеќето Американци повторно се намалија во минатата година, со исклучок на 20 отсто од најбогатите, покажуваат податоците на владата во Вашингтон.

Просечниот бруто приход е намален во 12-месечниот период до крајот на јуни минатата година за 0,9 отсто и изнесувал 64.432 долари, извести американското министерство за труд.

Во групата 20 отсто граѓани со највисоки примања, просечниот приход забележа раст од 0,9 отсто, на 166.048 долари. Сите други групи бележат пад на приходите, меѓу кои најголем пад имала групата на 20 отсто граѓаните со најниски примања, со пад од 3,5 отсто.

Приходите бележат намалување и покрај забрзување на економскиот раст и креирање на над 200.000 работни места месечно во минатата година.

Додека приходите на поголем дел од граѓаните забележале намалување, личната потрошувачка, на која отпаѓа две третини од американските активности порасна во просек за 1,0 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП