25 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ ги пушти во оптек кованите пари „Овен” и „Бик” за колекционерски...

НБРМ ги пушти во оптек кованите пари „Овен” и „Бик” за колекционерски цели

novi kovani pari 50

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ја известува јавноста дека се издадени и пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Овен” и „Бик” од серијата „Хороскопски знаци”.

Овие ковани пари се изработени од сребро Аg925, со тежина на среброто од 21,00 г, чистота на среброто 19,43 г, во овална форма со димензии од 35 х 45 мм, полирани со 24-каратна златна меѓуоснова и вметнато тркалезно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.

Цената на кованата пара „Овен“ и на кованата пара „Бик“ изнесува 2.700,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Кованата пара „Овен“ ги има следниве карактеристики:

На аверсот е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем коишто покрај Сонцето и Месечината влијаат на хороскопските знаци (Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон). Исто така, по должината на периметарот се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и  ознаката „Ag925“.

На реверсот, на левата страна е прикажана главата на овенот. Рогот на овенот го опкружува вметнатото кружно кобалтно стакленце на кое е отпечатено соѕвездието на хороскопскиот знак Овен и се наоѓа на десната страна на монетата. На долниот дел е претставен симболот на хороскопскиот знак Овен отпечатен на ѕвоно, како и името на овој хороскопски знак на латински јазик. Целата композиција е опкружена со украс, долж периметарот. Одредени елементи на релјефот (вклучувајќи ги и симболот Овен, рогот, а делумно и косата) се насликани со злато.

Кованата пара „Бик” ги има следниве карактеристики:

На аверсот е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем коишто покрај Сонцето и Месечината влијаат на хороскопските знаци (Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон). Исто така, по должината на периметарот се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и  ознаката „Ag925“.

На реверсот, на левата страна е прикажана слика на глава на бик со три ѕвезди на челото. Левиот рог на бикот е поставен под вметнатото кружно кобалтно стакленце на коешто е отпечатено соѕвездието на хороскопскиот знак „Бик“. На долниот дел е претставен симболот на хороскопскиот знак „Бик“ отпечатен на цвет, како и името на овој знак на латински јазик.  Целата композиција е опкружена со цветен украс, по должината на периметарот. Одредени елементи на релјефот (вклучувајќи го и симболот на хороскопскиот знак „Бик“, роговите, ѕвездите на челото и делумно цвеќињата) се насликани со злато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП