28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТаксистите до 15 април да се пријават за полагање на англиски јазик

Таксистите до 15 април да се пријават за полагање на англиски јазик

q(22)

Пријавувањето за полагање на испитот за странски јазик (англиски јазик ) за сите такси возачи со цел да се здобијат со Сертификат за познавање на англиски јазик започна во петокот, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Согласно Законот за патен сообраќај сите авто такси возачи мора да поседуваат Сертификат за познавање на основен степен на англиски јазик, кој Сертификат понатаму е еден од условите да се здобијат со лиценца за вршење на авто такси превоз и кој ќе биде задолжителен од 01.01.2017 година.

Пријавувањето на кандидатите ќе се врши на електронска пошта [email protected], а рокот на пријавување е 15. 04. 2015 годинa.

Покрај пријавата која ќе може да се најде на веб страната на Министерството зa транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите треба да приложат М1/М2 образец не постар од 60 дена и копија од лична карта.

„Сакаме да истакнеме дека авто такси возачите нема да сносат никакви торшоци за полагање на овој испит, односно испитот е бесплатен. На конкурсот за полагање на испитот по англиски јазик може да се пријават само такси возачи вработени во лиценцирани авто такси компании“, се вели во соопштението.

Времето и местото на полагање на испитот дополнително ќе биде објевено на веб страната на Министерството за транспорт и врски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП