11 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК со 17 општини од Скопски плански регион ќе работи на регионален...

ССК со 17 општини од Скопски плански регион ќе работи на регионален економски развој

ok

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, потпиша меморандум за соработка со претседателот на Советот за развој на скопскиот плански регион, Сокол  Митровски.

Во рамки на Регионалниот совет на скопскиот плански регион присуствуваа 17 градоначалници од општините кои ги опфаќа овој регион. На состанокот се разговараше за можностите за дополнителен развој и креирање поволни услови за работа на бизнис секторот во општините, зголемување на инвестициите, ефикасност на администрацијата, соодветна инфраструктура и партнерство со индустријата како клучни во насока на подобрување на деловно опкружување.

Двете институции заеднички ќе работат на јакнење на принципот на jавно- приватно партнерство како и делување во насока на зајакнување на капацитетот на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, како и стимулирање на развојот на локално и регионално ниво. Ова е дел од иницијативата на ССК, која започна да се спроведува од септември 2014 година, за зајакнување на членството од сите општини во Македонија, преку организирање на редовни средби со градоначалници и стопанственици, a во насока на подобрување на деловното опкружување преку рамномерен регионален развој “, изјави Арсовска.

mk

Она што е од големо значење за ССК, а на кое делува и Скопскиот плански регион е економски развој на општините и создавање на поволни услови за водење бизнис.  ССК ги застапува интересите на бизнис заедницата во насока на подобрување на нивното деловно работење. Значителен дел од компаниите членови на ССК, припаѓаат на Скопскиот плански  регион, кој опфаќа 17 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, односно 10 урбани општини кои се дел од градот Скопје и 7 рурални.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП