12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар ги укинува сите контроли на капиталот

Кипар ги укинува сите контроли на капиталот

kiparEvrafke943

Кипар ќе ги укинe сите контроли на капиталот во понеделник на 6. aприл, соопшти претседателот Никос Анастасијадес и оцени дека банкарскиот систем на земјата е имун на кризата во соседна Грција.

Кипар прими меѓународна помош во 2013 година за спасување на својот банкарски систем, после која стана прва и засега единствена членка на еврозоната која воведе контрола на текот на капиталот.

Никозија беше принудена да затвори една банка и да ги заплени депозитите во друга за да го рекапитализира системот кој беше многу изложен на грчката должничка криза.

Анастасијадес изјави дека укинувањето на контролата на капитал е израз за уверување дека финансиската криза во Грција нема да ескалира.

„Тоа е гласот за доверба во нашиот банкарски систем, кој сега целосно е независен од грчките банкарски институции и кој може да се движи напред“, изјави кипарскиот претседател.

Кипарските банки поради грчката должничка криза во 2011 година претрпеа загуба од 4,5 милијарди евра, односно 25 проценти од домашниот производ на Кипар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП