11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкинати забраните за движење на камиони на Стража и Маврово –Дебар

Укинати забраните за движење на камиони на Стража и Маврово –Дебар

zabrana23

Укинати се забраните за тешки моторни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и на планинскиот премин Стража, соопштија од Автомото сојузот.

Забрани беа воведени утрово поради обилни врнежи од снег на планинскиот превој, но со зголемување на температурите во текот на денот, снегот од коловозот се стопил.

Во останатите делови од Македонија, сообраќајот се одвива нормално, по делумно влажни коловози.

Се препорачува вмнимателно возење во клисурите и на превоите, каде има опасност од одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП