7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТојота ќе гради нови фабрики во Кина и Мексико

Тојота ќе гради нови фабрики во Кина и Мексико

t ooo

Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ планира да изгради нови фабрики во Кина и Мексико во вредност од 1.3 милијарди долари.

Тоа е првата голема инвестиција на компанијата во последните пет години, јавуваат денеска јапонските медиуми.

Целта на ова вложување е зголемување на производниот капацитет за околу 300.000 единици годишно, па така во иднина „Тојота“ да го следи чекорот на се посилната конкуренција, пишува јапонскиот весник „Nikei“.

Според проценките „Тојота“, најголемиот светски производител на автомобили, изградбата на новите фабрики ќе ја чини 150 милијарди јени (1.3 милијарди долари), при што кинеската фабрика ќе започне со работа во 2018-та година, а мексиканската во 2019-та година.

Фабриката во Кина ќе биде изградена во Гуангџу со годишен капацитет за производство на 100.000 возила, додека мексиканската фабрика ќе биде изградена во сојузната држава Гуанахуато со максимален капацитет од 200.000 возила годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП