6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИS&P ја намали прогнозата за рејтингот на McDonald’s

S&P ја намали прогнозата за рејтингот на McDonald’s

mcdonaldsheinz

Меѓународната рејтинг агенција „Standard & Poor’s – S&P“ ја намали прогнозата за рејтингот на компанијата „McDonald’s“ утврден на нивото „А“, од „стабилна“ на „негативна“.

Самиот рејтинг останува непроменет, на оценката „А“, но експертите од агенцијата предупредуваат дека за да се одржи тој рејтинг во иднина потребно е да бидат подобрени показателите за продажба на компанијата, првенствено во САД, пренесува Тас.

„Ја ревидиравме прогнозата за проценка на рејтингот на „негативна“ поради тоа што, според нашето мислење, постои веројатност компанијата во наредните две години да не успее да го подобри показателот за приходите и да го зголеми бројот на клиенти, особено на пазарот во САД, се наведува во извештајот на S&P.

Во последните неколку месеци продажбата на „McDonald’s“„ во САД опадна. Конкретно, во ноември 2014 година падот изнесувал 4,6 проценти на меѓугодишно ниво. Според аналитичарите, една од причините за слабите резултати на компанијата е фактот дека се повеќе луѓе настојуваат здраво да се хранат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП