21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстрит по дводневен пад

Раст на Волстрит по дводневен пад

rast-volstrit

Цените на акциите на Волстрит благо пораснаа во четвртокот, по дводневен пад, но се тргуваше многу внимателно во пресрет на клучниот извештај за вработеноста во САД и велигденските празници.

Dow Jones се намали за 65 поени или 0,37 отсто, на 17.763 поени, додека S&P 500 порасна 0,35 отсто, на 2.066 поени, а Nasdaq се зголемил за 0,14 отсто, на 4.886 поени.

Откако во средата инвеститорите ги разочараа податоците на консултантската компанија ADP за помал од очекуваниот раст на вработеноста во американскиот приватен сектор, вчера ги охрабри извештајот за неочекуван пад на бројот на барања за помош во минатата недела.

Овие два показатела дадоа различни сигнали во пресрет на клучниот извештај на американската влада за вработеноста, што теба да биде објавен во петок.

Овој извештај значително влијае на насоките на берзите, но овој пат реакцијата на инвеститорите ќе уследи дури наредната недела бидејќи во петокот на Волстртит и останатите светски берзи не се работи поради велигденските празници.

Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека во март се отворени нови 245.000 нови работни места, а доколку проценките се покажат за точни, тоа би било 13-ти месец по ред како бројот на вработени се зголемува за над 200.000, што е најдолга низа од 1994-95 година.

Подобрите податоци од очекуваните би ги поддржале шпекулациите за зголемување на каматите на Фед веќе во јуни, најдоцна до есен, додека послабите податоци ја поддржаа тезата дека американската централна банка монетарните промени би ги донела на крајот на годината.

Со оглед дека Фед порача дека одлуката за каматите ќе зависи од економските показатели, оваа недела внимателно се следи секој нов податок и речиси секој предизвика осетни осцилации. Така во понеделникот цените на акциите скокнаа за над 1 отсто, за да во наредните два дена ја загубат целата таа добивка.

На крајот на неделата Dow Jones заврши во плус 0,3 отсто, а S&P 500 за 0,2 отсто, додека Nasdaq ослабна 0,1 отсто.

И на европските берзи вчера се тргуваше внимателно. Лондонски FTSE зајакна 0,35, на 6.833 поени, а париски CAC 0,24 отсто, на 5.074 поени, додека франкфуртски  DAX ослабна 0,28 отсто, на 11.967 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП