14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците повеќе нема да плаќаат партиципација за здравствен преглед

Грците повеќе нема да плаќаат партиципација за здравствен преглед

Tsipras2

Грчкиот премиер Алексис Ципрас најави укинување на задолжителната партиципација од пет евра за преглед на пациентите во државните болници.

Тој додаде дека Владата ќе ја зајакне здравствената заштита во земјата со најмување на 4.500 специјализирани работници.

Ципрас во Министерството за здравство соопшти дека во последните неколку години се усвоени некои реформи како дел од мерките за штедење, кои од Грција ги побараа меѓународните кредитори, кои го нарушија здравствениот систем.

„Националниот здравствен систем имаше проблеми и пред мерките за штедење, но очигледно во последните четири или пет години преземените реформи и мерки биле нуклеарна бомба за неговите темели“, рече Ципрас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП