2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ10-тата генерација Honda Civic се обложува на спортот (фото+видео)

10-тата генерација Honda Civic се обложува на спортот (фото+видео)

10 civic

Само пред еден месец во Женева, јапонската компанија „Honda“ ги  собра сите погледи, претставувајќи истовремено два нови спортски автомобил – „NSX“ и „Civic Type R“. Сценариото се повторува и на саемот во Њујорк, каде што се одржа премиерата на „Civic Concept“.

10 civic1

Како што сугерира името, возилото е само концепт, но доста близок до серискиот автомобил кој ќе ја претставува целосно новата генерација на популарниот модел. 10-тата генерација „Honda Civic“ треба да се појави на пазарите уште во есента оваа година.

10 civic2

Прикажаниот концепт во Њујорк има за цел да даде прв поглед на новиот модел. Дизајнот е спортски, а се демонстрира со продолжен преден капак, и пониско и широко тело. Меѓуоскиното растојание е зголемено, а тоа треба да се одрази поволно како на просторот во кабината, така и на однесувањето на патот и возењето.

Интересни акценти во дизајнот се исто така се пошироките лакови на тркалата, „LED“ светлата, споените задни светла и централно поставениот издувен систем.

10 civic3

Од информациите, станува јасно дека новата генерација „Civic“ ќе се нуди во верзии седан, купе и хечбек. Во Европа најверојатно ќе видиме и караван, а спортскиот „Type R“ ќе биде глобален модел.

Се очекува автомобилот да се опреми со новите „VTEC Turbo“ мотори, меѓу кои се 1,0-, 1,5- и 2,0-литарски агрегати.

10 civic4

Новата „Honda Civic“ ќе се нуди и со широк спектар со системи за безбедност, меѓу кои адаптивен автопилот, систем за следење на мртвите зони, систем за следење на лентата на движење, автоматски сопирачки и друго.

Во САД 10-тата генерација на „Civic“ треба да биде достапна уште во есента 2015-та година, но информациите за европските верзии се уште не е познати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП