9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатото поевтинува пред податоците за невработеноста во САД

Златото поевтинува пред податоците за невработеноста во САД

Gold-Fall

Цената на златото на меѓународните пазари во четвртокот чувствително се намали во очекување на американските податоци за невработеноста коишто ќе бидат објавено денес.

Според показателите од пазарите, во 18.30 часот по македонско време, јунските фјучерси на златото на њујоршката берза Comex поевтинија за 9,40 долари, односно за 0,78 отсто, на 1.198,70 долари за унца. Цената на мајскиот фјучерс за среброто, пак, падна за 2,28 отсто, на 16,67 долари за унца.

Денес американското министерство за труд треба да ги објави бројот на нови работни места во неземјоделските сектори. Експертите проценуваат дека овој показател за март ќе падне на 245 илјади од февруарските 295 илјади.

Очекувањата на инвеститорите вршат притисок врз американската валута, меѓутоа позитивните прогнози на експертите не можат да ги поткрепат цените на благородните метали, кои како и доларот се сметаат за сигурни прибежишта за капиталот.

Главниот аналитичар на „Ava Trede“ Наим Аслам во анкетата на Reuters вели дека не исклучува голема нестабилност на цената на златото во атмосфера на очекуваните статистички податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП