26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото поскапува кон доларот во пресрет на статистиките од САД

Еврото поскапува кон доларот во пресрет на статистиките од САД

eurus

Курсот на еврото во однос на американскиот долар на валутните пазари порасна во очекување на објавувањето на статистичките податоци од САД.

Според податоците од 18 часот по македонско време во четвртокот, еврото во однос на американската валута се зголеми на 1,0871 долари, за разлика од нивото од 1,0764 долари за евро колку што изнесуваше на затворањето на тргувањето во средата. Курсот на доларот во однос на јапонскиот јен се зголеми на 119,78 од 119,75 јени за долар.

Индексот на доларот, кој ја покажува неговата вредност во однос на кошничката од шесте светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, се намали за 0,51 отсто, до 97,62 поени. Со тоа малку закрепна по дополнителното оддалечување изминатите денови од највисокото ниво во последните 12 години од 100,39 поени, на кое се искачи пред три седмици.

Во петок американското министерство за труд ќе ги објави податоците за стапката на невработеност во март, како и бројот на создадените нови работни места во не-земјоделските сектори на економијата.

Аналитичарите во анкетата на Reuters очекуваат дека стапката на невработеноста во САД ќе остане на февруарското ниво, од 5,5 отсто, а оти бројот на нови отворени работни места ќе се намали на 245.000 од февруарските 295.000.

Очекувањето на статистичките податоци од САД, вообичаено, вршат притисок врз американската валута.

Во четвртокот тамошното министерство за труд објави дека бројот првични барања за помош на невработените во земјата изминатата седмица заклучно со 28-ми март, неочекувано се намалил на 268.000 од 288.000 ревидирани од претходната седмица.

„Ваквата статистика разочарувачки дејствува врз растот на доларот, но вниманието сé уште е насочено на извештајот за вработувањата, кој ќе биде објавен во петок“, вели за Reuters Валилиј Серебрјаков, валутен стратег во банката „BNP Paribas“ во Њујорк./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП