2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСпојувањето на ВИП и ОНЕ нема да ја крене цената на разговорите

Спојувањето на ВИП и ОНЕ нема да ја крене цената на разговорите

vip one

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) изрази уверување дека евентуално спојување на мобилните оператори ВИП и ОНЕ нема да доведе до зголемување на цената на разговорите.

АЕК е подготвена за сите можни сценарија во случај да дојде до спојување на двата оператора, што нема да влијае врз сегашната цена за минута разговор, вели директорот на Агенцијата Роберт Орданоски.

„Очекуваме Комисијата за заштита од конкуренцијата во законски утврдениот рок да се изјасни по повод иницијативата за спојување. АЕК е спремен за сите можни сценарија. Гарантираме дека моменталната цена од минута разговор од околу еден денар нема да се зголеми“, рече Орданоски, додавајќи дека АЕК како регулаторно тело има моќ да ја држи таа цена под контрола.

„Ги уверувам граѓаните дека таа цена нема шанси да се зголеми“, истакна Ордановски.

Кон крајот на минатата година Телеком Австрија Групацијата објави дека договорила спојување на својата подружница Вип оператор со компанијата Оне (подружница на Телеком Словеније) во Република Македонија.

Телеком Австрија Групацијата треба да поседува 55% удел во компанијата и ќе има целосна контрола врз новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словеније би имала 45%.

На почетокот на годината од ВИП изразија оптимизам дека најдоцна до средина на јуни ќе добијат позитивен одговор од Комисијата за заштита на конкурентноста на барањето за спојување со ОНЕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП