6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајпопуларниот Lexus ја промени генерацијата (фото+видео)

Најпопуларниот Lexus ја промени генерацијата (фото+видео)

rx lex

„Lexus“ официјално ја претстави новата генерација на кросоверот „RX“, кој е најпопуларниот модел во целата историја на брендот. Од 1997-ма година, кога се појави првата генерација, досега од него се продадени над 2,1 милиони примероци.

Дизајнот на автомобилот е во стилот употребен при создавањето на последните модели на марката – како „Lexus NX“. Кросоверот доби решетка во форма на вретено, целосно „LED“ фарови, а исто така и нови 20-инчни бандажи кои се понудени како опција. Стандардните тркала се 19-инчни.

rx lex1

Во внатрешноста на „RX“ се појави 12,3-инчен дисплеј за мултимедијалниот систем, предни и задни седишта со греење, панорамски покрив, а исто така со доплата се понудени два екрани за патниците на задните седишта.

Должината на кросоверот е 4889 мм, широчината – 1894 мм, а висината – 1689 мм. Растојанието помеѓу двете оски кај теренецот е 2788 мм. Така моделот е за 119 мм подолг, со 9 мм поширок и за 1 мм помал од својот претходник. Меѓуоскиното растојание на новата генерација е за 48 мм подолго.

rx lex2

Од „Lexus“ забележуваат дека шасијата и каросеријата на „RX“ се интензивни, а звучна изолација подобрена. Суспензијата не претрпе промени – „McPherson“ предна и двојно независна позади. За прв пат кај моделот се појавиле индивидуализирани амортизери, кои се прилагодуваат кон начинот на возење.

Првично кросоверот ќе се нуди во две верзии – „RX 350“ и „RX 450h“. Во првиот случај ќе се користи 3.5-литарски V6 мотор, чија моќност е 300 КС. Тој се комбинира со 8-степен автоматски менувач. Втората модификација се потпира на хибриден агрегат со 300 КС, во чиј состав исто така влегува 3,5-литарски V6 мотор.

rx lex4

Меѓу системите за безбедност на кросоверот влегуваат функцијата за спречување на фронтален судир, систем за следење на лентата на движење, функција за следење на мртвите зони, како и индивидуализирано долго светло.

Моделот ќе биде достапен и во верзија „F SPORT“, а неговата продажба треба да стартува пред крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП