29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ„Ноќните птици“ имаат повеќе шанси за дијабетес

„Ноќните птици“ имаат повеќе шанси за дијабетес

dijabetes-x

Луѓето кои се поактивни во текот на ноќта имаат поголеми изгледи да заболат од дијабетес отколку луѓето кои рано се будат, дури и доколку спијат доволно часови, покажа новото истражување објавено во списанието Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism.

Научниците ги проучувале разликите меѓу дневните и ноќните типови личности. Имајќи предвид дека будноста во ноќните часови резултира со премалку сон, лош квалитетот на сонот, земање оброци во несоодветен период од денот, тоа може да доведе до пореметувања во метаболизмот.

„Без разлика на животниот стил, луѓето кои остануваат будни до долго во ноќта се соочени со поголем ризик од развој на здравствени проблеми, како на пример дијабетесот или намалување на мускулната маса споредено со ранобудниците“, вели Нан Хи Кимоф од медицинскиот факултет при јужнокорејскиот универзитет во Анасан.

„Тоа може да резултира со тоа „ноќните птици“ да имаат понеквалитетен сон и да имаат нездрави навики, како пушењето, доцните вечерни оброци или залегнатост“, додава Кимоф.

Научниците со ова истражување опфатиле 1.620 лица на возраст од 47 до 59 години, од кои 480 биле ранобудници а 95 „ноќни птици“, додека другите  испитаници се движеле меѓу двете екстремности

Иако оние кои останувале будни подоцна во ноќта по правило во просек биле помлади, имале повеќе масно ткиво или маснотии во крвта од оние кои стануваат од кревет пред сите, како и помала мускулна маса. Почесто, исто така, имале дијабетес од ранобудниците, покажало истражувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП