18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина потпиша нов договор за купување на руски гас

Украина потпиша нов договор за купување на руски гас

news_18727_n

Украина потпиша нов договор за купување на руски гас во наредните три месеци по цена од 248 американски долари за кубен метар, соопшти во четвртокот.

Покрај утврдување на цената, со договорот се продолжени и сите други услови на таканаречениот „зимски пакет“, кој тукушто истече помеѓу украинскиот гасен концерн Нафтогас и рускиот гасен гигант Гаспром.

Спогодбата претставува „победа“ на економските односи помеѓу Нафтогас и Гаспром во однос на политичките, изјави министерот за енергетика Володомир Демчишин.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев потпиша во средата указ со кој на Украина и се продолжува попустот на гас од 1 април до 30 јуни за сума на извозната такса, односно до 100 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП