18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалните цени на храната и понатаму бележат пад

Глобалните цени на храната и понатаму бележат пад

hrana23223322323232

Глобалните цени на храната во месец март повторно се намалија, бидејќи залихите на житo и месо во светот и понатаму се големи, соопшти денес Светската организација за храна и земјоделство (ФАО).

Месечниот индекс на цените на житoто, маслото за јадење, млечните производи, месото и шеќерот во март изнесувале 173,8 поени, што е за 2,6 поени помалку во однос на месец февруари.

ФАО ја зголеми прогнозата за светското производство на жито во 2015 година на 2,544 милијарди тони, што е за два милиони тони повеќе од февруарската прогноза.

Се проценува дека светските залихи на жито на крајот на сезоната 2014/15 ќе бидат на ниво од 645,3 милиони тони. Претходно се очекуваше дека залихите ќе изнесуваат 630,5 милиони тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП