12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 430.000 банкарски сметки затворени во Унгарија за две години

Над 430.000 банкарски сметки затворени во Унгарија за две години

nemzetibank15

Унгарските граѓани во изминатите две години затворија над 430.000 банкарски сметки, пишува денеска бизнис весникот „Vilaggazdasag“.

Само во минатата година бројот на приватни банкарски сметки бил намален за 282 илјади, наведува унгарскиот весник.

Трендот според оценката на централната банка би можел да се припише на данокот на финансиски трансакции воведен во 2013-та година, кој ги поскапе банкарските надоместоци.

Цитирајќи експерти, „Vilaggazdasag“ пишува дека многу сопственици на повеќе банкарски сметки ги затвориле оние сметки кои помалку ги користат. Дополнитлено се претпоставува дека многумина пензионери се одлучиле пензијата да им се исплатува во готовина.

Весникот наведува дека во изминатите две години готовите пари во посед на унгарските граѓани се зголемиле за 32 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП