15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСБ предвидува пад на руската економија од 3,8

СБ предвидува пад на руската економија од 3,8

Russia Daily Life

Поради ниските цени на нафтата и западните санкции, руската економија во оваа година би можела да падне за 3,8 отсто, а рецесијата ќе продолжи и во наредната година, порача Светска банка (СБ).

Ова е значително попесимистичка прогноза на банката во однос на онаа од декември која прогнозираше пад на рускиот БДП во 2015 година за 0,7 отсто.

„Прилагодувањето на новите цени на нафтата и економската ситуација во услови на санкции претставуваат клучен политички предизвик, како и недостигот од инвестиции“, порача Биргит Хансл, главна економистка во СБ за Русија.

Таа очекува дека рецесијата ќе трае подолго од првичните проценки. Во претходните прогнози СБ предвидуваше раст на руската економија во 2016 одина од 0,3 отсто, а сега очекува пад од 0,3 отсто.

Новите проценки, се темелат врз претпоставките дека цената на нафтата, од која Русија како голем извозник е значително зависна, во наредната година само благо ќе закрепне по минатигодишниот остар пад.

Банката новите проценки ги темели на претпоставката дека санцкитите на Русија проади нејзината улога во украинската криза ќе се заджат и во оваа и во наредната година.

Но, дури и во меѓувреме да се укинат, последиците од санкциите би можеле да се чувствуваат уште одредено време, порача Светска банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП