25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ги зголеми средствата за грчките банки

ЕЦБ ги зголеми средствата за грчките банки

evro-evroto-evra-money

Европската централна банка (ЕЦБ) го зголеми обемот на итниот фонд за зачувување на ликвидноста (ELA) за 700 милиони евра.

Сега на грчките банки на располагање им се средства во висина од 71,8 милијарди евра, изјави неименуван извор запознаен со ситуацијата.

Грчките банки зависат од ЕЦБ, но централната банка на еврозоната повеќе не ги прифаќа државните обврзници од Атина како колатерал за доделување на позајмица, пренесува Франс прес.

Претходно тоа го правеше под посебен механизам, но тој програм е укинат се додека новите грчки власти не постигнат договор со своите меѓународни кредитори. Без посебниот механизам, грчките банки се потпираат само на вонредната помош за ликвидност, што е многу поскапо од вообичаените операции на централните банки за рефинансирање.

На грчките банки очајно им се потребни средства за одржување на ликвидонста, бидејќи од почетокот на декември минатата година до крајот на февруари 2015 година, поединци и компании повлекле 25 милијарди евра од банкарските сметки во страв дека земјата ќе банкротира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП