7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМенувајте ги редовно пластичните садови

Менувајте ги редовно пластичните садови

261133200551bfece915c0776219081_640x472

Старите и истрошени работи никако не треба да ги чувате. Најдобро е да се ослободите од нив што е можно поскоро, бидејќи можат неповолно да влијаат на здравјето.

Старите и истрошени работи никако не треба да ги чувате. Најдобро е да се ослободите од нив што е можно поскоро, бидејќи можат неповолно да влијаат на здравјето. Пластичните садови за чување на храната менувајте ги често. Цврстата пластика која има број „7“ или ознака „PC“, односно поликарбонат, може да ја содржи и штетната состојка бисфенол А. Во повеќе нови пластични садови ја нема оваа состојка, но затоа во повеќето стари таа е присутна, па затоа заменете ги што е можно побрзо.

Експертите советуваат и патиките кои „поминале“ 500 до 650 километри задолжително да ги замените, советува американскиот научник Џејсон Карп.

Тоа значи дека ако неделно во нив поминувате околу 20 километри, би требало да ги замените по осум месеци до година дена. Бидејќи, кога износените патики долго ги користите доаѓа до оптеретување на стопалата и колената бидејќи ѓонот е деформиран. Со тек на време може да дојде до болки во грбот, проблеми со ‘рбетот и вените, па затоа зачувајте го своето здравје и исфрлете ги старите нешта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП