6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Chevrolet Malibu е поголем, но и полесен (фото)

Новиот Chevrolet Malibu е поголем, но и полесен (фото)

milibu1

По премиерата на моделот во Њујорк стана јасно дека новиот „Chevrolet Malibu“ е поголем, но и полесен од својот претходник.

Новата генерација на седанот е за 58 мм подолга од претходникот, но во исто време вкупна маса е редуцирана за 136 кг. Новиот модел нуди и значително повеќе пространа кабина, бидејќи меѓуоскиното растојание му е заголемено за цели 91 мм.

milibu2

Целосно нова е и палетата на мотори за моделот. Таа започнува со 1,5-литарскиот „Ecotec“ мотор со 160 КС. Потоа е 2,0-литарски мотор, повторно бензинец со турбо, кај кој коњските сили достигнуваат 250. Овој мотор е опремен со новиот 8-брзински менувач, додека послабата понуда работи со 6-степен автоматски менувач.

Новиот Malibu ќе биде достапен и во хибридна варијанта. Тој ќе користи 1,8-литарски бензински мотор со директно вбризгување на горивото и два електромотори. Вкупната моќност на системот е 182 КС. Батеријата е „Li-Ion“ која е земена од новиот „Volt“, со што му се овозможува на седанот да се движи само на електрична енергија при брзина до 90 км/час. Просечната потрошувачка на гориво на „Chevrolet Malibu Hybrid“ е под 5 л/100 км, покажува информацијата.

milibu3

Меѓу технологијата во кабината е присуството на камера за возење наназад, 10 воздушни перничиња, асистент за паркирање, систем за автоматско сопирање, систем за следење на лентата на движење, како и системот „Teen Driver“, која им овозможува на родителите да го следат начинот на возење на нивните деца и го ограничуваат нивниот пристап до некои системи на возилото. Технологијата овозможува исто така да се запишуваат маршрутите по кои поминува автомобилот и максималната брзина која ја има постиганато.

Новиот Malibu ќе се појави на пазарот кон крајот на оваа година.

milibu5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП