2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air со нов начин на селекција на седишта

Wizz Air со нов начин на селекција на седишта

Onboard2_version_2

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авио-компанија во Централна и Источна Европа, денеска најави дека од 15-ти мај ќе го претстави новиот начин на селекција на седишта за да го подобри искуството и задоволството на своите патници.

Имено на селектирани рути од 4-ти мај 2015-та година и од 19-ти мај 2015-та година на сите Wizz рути, патниците ќе можат да уживаат во автоматска и бесплатна селекција на седишта, кое што ќе стане дел од процесот на резервација од 8-ми април. Wizz Air ќе дозволува кога е можно да се селектираат соседни седишта на истата резервација кога патниците патуваат заедно.

Потрошувачите ќе можат да ги менуваат нивните бесплатни седишта и да селектираат друго седиште за надоместок од 1€ на wizzair.com или на WIZZ мобилната апликација во било кое време, три часа пред летот. Преферираните седишта, со повеќе простор за нозете или, пак, во прв ред седишта за брзо излегување можат да бидат резервирани со повисок надомест со оглед на достапноста на истото врз основа кој прв пристигне, тој прв ќе биде услужен.

Новиот начин на селекција на седишта на Wizz Air ќе биде лансирано на селектирани рути (Будимпешта – Барселона, Катовице – Лондон, Букурешт – Дортмунд) од 4-ти мај и постепено од 19-ти мај имплементирајќи го ова на сите 360 Wizz рути од 110 аеродроми низ 37 држави.

Потрошувачите со букирани седишта пред 8-ми април, седиштата ќе им бидат поделени на чек-ин, додека патниците со постоечки резервации вклучувајќи “Wizz Xtra legroom” и “Wizz Reserved Seat Service” ќе бидат во можност да ги селектираат нивните седишта по избор без дополнителен трошок.

Патниците со “Wizz Premium” и “Wizz Privilege Pass Membership” ќе можат да селектираат кое било седиште бесплатно и исто така ќе продолжат да ги уживаат приоритетите при чекирање, како би ги избегнале редиците. Од 8-ми април Wizz Air исто така го намалува надоместокот за приоритетите при чекирање на само 2€.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП