26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтор ден по ред пад на Волстрит

Втор ден по ред пад на Волстрит

W

Цените на акциите на Волстртит паднаа во средата, втор ден по ред, поради сигналите за забавување на растот на американската економија, а инвеститорите стравуваат дека и претстојната сезона на објава на квартални резулати ќе биде најслаба од 2009 година.

Dow Jones се намали 77 поени или 0,44 отсто, на 17.698 поени, S&P 500 се намали за 0,40 отсто, на 2.059 поени, а Nasdaq индексот се намали 0,42 отсто, на 4.880 поени.

Откако во поеделникот скокнаа за над еден отсто, во последните два дена берзанските индекси ја загубија целата таа добивка и сега се во минус од почетокот на неделата.

Инвеститорите вчера ги поколебаа сигналите за забавување на растот на најголемата светска економија. Според конзултантската компанија ADP, во март во приватниот сектор биле отворени само 189.000 нови работни места, што е најмалку од јануари минатата година и значително помалку од 225.000, колку што очекуваа аналитичарите во анкетата на Reuters.

Институтот за менаџери за набавка извести, пак, како неговиот ISM индекс на фабрички активности во март падна од 52,9 на 51,5 поени, најниско ниво од половината на 2013 година, што укажува на слабеење на индустрискиот сектор.

И вчера, како и претходниот ден најмногу падна здравствениот сектор, за 1,2 отсто, откако во првиот квартал оствари најголем раст меѓу сите сектори, од 6,2 отсто.

Под притисок се најдоа и цените на производителите на автомобили, по вестите дека во март продажбата на возила пораснала за скромни 0,6 отсто, што укажува на слабеење на побарувачката.

Поради овој податок цената на акцијата на General Motors падна за 2, а на Ford за 1,4 отсто.

Меѓутоа, благодарние на растот на цената на нафтата, меѓу добиниците вчера се најде енергетскиот сектор, кој во претходниот денови беше под силен притисок.

Цената на нафтата на лондонската берза вчера, по два дена пад, скокна за 3,6 отсто, на 57,10 долари по барел, додека на американскиот пазар скокна за 5,2 отсто, на 50,10 долари, што се должи на податоците за пад на производството во САД, а растот на залихите бил помал од очекуваното.

Инвеститорите се внимателни и поради неизвесноста по прашањето за зголемување на каматите во САД, што ќе зависи од идните економски показатели.

„Инвеститорите се загрижени и поради економските слабости и проценките за падот на добивката на компаниите. Лошото време и јакнењето на доларот имаа негатвино влијание врз заработките, што наредната недела ќе биде најзначајна тема на берзите“, вели Стивен Масока, директор во фондот Wedbush Equity Management.

На евроспките берзи, пад, цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,54 отсто, на 6.809, додека франкфуртски DAX се зголеми за 0,29 отсто, на 12.001 поен, а париски CAC беше во плус 0,57 отсо, на 5.062 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП