26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Бугарија 10,2 проценти

Невработеноста во Бугарија 10,2 проценти

bugarija-nevrabotenost

Во Бугарија стапката на невработеност во февруари е намалена за 2,1 проценти и изнесува 10,2 проценти, покажуваат податоците на Eвропската статистичка агенција Еуростат.

Според овие податоци, во Бугарија во февруари работа нашле 72.000 невработени, а на работа чекаат околу 342.000 граѓани, пренесуваат бугарските медиуми.

Според намалувањето на стапката на невработеност во месец февруари, пред Бугарија е Ирска, каде стапката во февруари била намалена за 2,2 проценти.

Најголемо зголемување на стапката на невработеност е регистрирано во Хрватска, на Кипар и во Финска.

На ниво на ЕУ намалена е стапката на невработеност на годишна основа за 0,7 проценти и сега изнесува 9,8 проценти.

Бугарија има 7,3 милиони жители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП