11 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald’s попушти, ги зголемува платите за 10%

McDonald’s попушти, ги зголемува платите за 10%

mcdondonmc

Најголемиот светски ланец на ресторани за брза храна „McDonald’s“ најави дека од јули ќе ги зголеми платите за 90.000 вработени во САД и дека на вработените ќе им понуди платено отсуство.

Најавеното зголемување на платите, сепак, се однесува само на вработените кои директно работат за „McDonald’s“, јавува британскиот весник Гардијан.

Почетната плата за вработените кои работат полно работно време, како и за оние кои работат скратено, од 1 јули ќе биде барем за еден долар по час поголема од локалната официјална минимална заработка, со што просечната саатница за американските работници во „McDonald’s“ ќе порасне на 9,9 долари, соопштија од компанијата.

Оваа компанија очекува дека до крајот на 2016 година просечната саатница ќе се зголеми на повеќе од 10 долари, со оглед на фактот дека минималната зарботка расте ширум САД.

Одделни американски градови имаат и повисоки стандарди, па така работник во „McDonald’s“ кој работи во Сиетел може да заработи 16 долари за час, пренесува агенцијата Франс прес.

„McDonald’s“ исто така, соопшти дека ќе започне да нуди и платено отсуство за оние кои најмалку една година работат за оваа компанија.

Вработените во рестораните за брза храна во Америка меѓу кои и оние на „McDonald’s“, преку штрајк бараа зголемување на платите на 15 долари за час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП