2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКампања на ДПМ за поддршка на литературата за деца

Кампања на ДПМ за поддршка на литературата за деца

drustvo pisateli makedonija

Од 16-ти до 18-ти април членови на Друштвото на писателите на Македонија ќе учествуваат во кампањата за поддршка на литературата за деца за која интересот е се помал, информираат од Друштвото.

ДПМ оценува дека ваквата неповолна ситуација зависи од повеќе фактори, меѓу кои од издавачите, списанијата, библиотеките, но и од самите автори, со оглед на фактот дека има сè помалку писатели од поновите генерации кои се јавуваат со дела во оваа област.

На 16-ти април во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи трибина на тема „Актуелни аспекти на литературата за деца“ на која воведничари ќе бидат д-р Атанас Николовски, д-р Елица Николовска и Стојан Тарапуза, координатор на клубот на писателите за деца при ДПМ „Ванчо Николески“. На трибината ќе земат учество и наставници по македонски јазик во основните училишта, автори и читатели.

На 17-ти април Поетскиот караван на ДПМ ќе гостува на Републичкиот детски фестивал „Ракатки“ што, веќе една деценија, го води познатата авторка, членка на македонската писателска асоцијација Славка Арсова. На средбата во Домот на хуманитарни организации „Даре Џабаз“ ќе настапат писателите за деца: Драгица Најческа, Есад Бајрам, Стојан Тарапуза, Косара Гочкова и Александар Кујунџиски. На 18-ти април учесниците на Републичкиот фестивал на детското литературно творештво „Ракатки“, пионери од повеќе градови на Македонија, во ДПМ ќе имаат разговор со група познати автори во доменот на детската литература.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП