ЕКОНОМИЈА

Пристигна првата тура на дански туристи во Охрид

oh

Првата тура на туристи од Данска синоќа беа пречекани на традиционален начин со локум, погача и ракија на охридскиот аеродром.

Туристичката агенција ,,Вис-Пој” веќе трета година организираат туристички аранжмани со дански туристи во Македонија.

– Минатата година остваривме околу три илјади ноќевања на дански туристи, а оваа година очекуваме да оствариме околу пет илјади. Групите дански туристи во Охрид ќе престојуваат во април, мај и јуни, а останатите во месеците септември и октомври, изјави Јаким Маленко од туристичката агенција „Вис Пој“.

Туристите од Данска за Охрид дознале преку интернет, и се одлучиле тука да го поминат одморот поради културно-историски споменици, природата, традиционалната храна и македонското вино.