21 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВнимавајте: Проценките се прават на прв поглед

Внимавајте: Проценките се прават на прв поглед

311214067551a7fd19fd64360803154_w640

Одлуката дали во некого можете да имате доверба се носи во првите десет секунди од запознавањето, покажа истражувањето од Принстон. За првиот впечаток не е важен само изгледот туку и говорот на телото.

Веќе во првите неколку секунди може да се процени карактерот на личноста која штотуку ја запознавате. Експертите анализираа разни аспекти на однесување и еве до какви заклучоци дојдоа…

„Одлуката дали во некого можете да имате доверба се носи во првите десетина секунди од запознавањето, покажа истражувањето од Принстон. Научниците го открија тоа така што на една група студенти им дале задача за десет секунди според ликот на непознато лице да оценат колку тоа лице е привлечно, симпатично, лице од доверба, компетентно или агресивно. Истата задача ја добила и втората група, но тие имале време колку што сакаат. Од сите карактерни особини, претставниците на двете групи само за довербата се изјасниле во истиот момент, без размислување и имале речиси идентични ставови.

Интересно е тоа што сексуалната ориентација кај мажите „се чита“ за помалку од една секунда, односно потребно е време исто колку што е потребно за свесно да се препознае лицето. Британското истражување отиде чекор понатаму заклучувајќи дека жените, кај кои се гледа тетоважа, се доживуваат како непривлечни, склони на пороци и промускуитетни.

„За првиот впечаток не е важен само изгледот туку и говорот на телото. Оние кои опуштено се движат се сметаат за отворени, но и склони на авантури, додека краткиот и отсечен чекор укажува на невротичност – покажа истражувањето на Универзитетот Дурам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП