3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложбата „Сонувајќи со ѕвездите“ на Ана Андроска во галерискиот простор на НЛБ...

Изложбата „Сонувајќи со ѕвездите“ на Ана Андроска во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка

Image (20)

Изложбата „Сонувајќи со ѕвездите“ на Ана Андроска ќе биде отворена во четврток 02.04.2015 година во 19.30 часот во галерискиот простор во управната зграда на НЛБ Тутунска банка.

Ана Андроска е сликар и графички дизајнер од Скопје. Во 2006 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Досега има реализирано 2 самостојни изложби: “„Лајка“” (2007) во отворeнотo графичко студио при Mузеј на град Скопје и “„Сонувајќи со ѕвездите“” (2012) во Националната галерија на Македонија – Чифте Aмам.

Во сликите на Ана Андроска со шармантен и духовит стил, се проткаени човечките чувства, прославувањето на радоста и страста за живот – шише вино поделено со драги пријатели, со смеа, музика и добра храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП