13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИванов во дводневна официјална посета на Албанија

Иванов во дводневна официјална посета на Албанија

Image (19)

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, Маја Иванова, од четврток ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Албанија. 

Претседателот Иванов во Тирана ќе оствари средби со претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани, со претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама и со претседателот на Собранието на Република Албанија, Илир Мета.

Во рамки на официјалната посета на Република Албанија, Иванов ќе оствари средба и со Градоначалникот на Тирана, Љуљзим Баша.

Според програмата, македонскиот претседател во петок ќе ја посети Општина Пустец, каде што ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница.

Во делегацијата, што ќе го придружува претседателот Иванов за време на официјалната посета на Република Албанија, е и министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП