Досегашниот државен секретар во Министерството за одбрана, Сашо Стефановски е именуван за нов директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Стефановски кој е стоматолог по професија бил именуван за директор на вчерашната седница на Владата. Неговиот избор го соопшти министерот за здравство, Никола Тодоров.
По оставките на двајцата директори на Фондот поради смртта на деветгодишната Тамара, на местото на директорите Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемали Мехази беа именувани Сања Минкова и Орхан Рамадани.
Минкова беше експресно сменета откако било констатирано дека нема доволно работно искуство и на нејзино место беше назначена Кристина Христова која доаѓаше од позицијата директор на Секторот за фармација во Фондот.