23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреговорите за продолжување на помошта на Грција сеуште без резултат

Преговорите за продолжување на помошта на Грција сеуште без резултат

grcija 35

Техничките преговори помеѓу грчката влада и кредиторите околу реформите кои Грција треба да ги спроведе во замена за продолжување на финансиската помош се уште не дадоа резултати и сега како можен рок се споменува следната недела или, пак, крајот на овој месец.

Грчкиот министер за економија Јорго Статакис изјави во средата во Атина дека преговорите ќе вродат со плод следната недела.

Од друга страна, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск се надева дека договорот „може да се постигне до крајот на месецот“.

Од минатиот петок до понеделеникот вечерта во Брисел се водеа преговори помеѓу грчката влада и експертите на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, а Атина се надеваше дека договорот за реформските мерки може да се постигне во текот на неделата.

Во преговорите е постигнат одреден напредок, но недоволен тоа прашање да се најде пред министрите за финансии на еврозоната кои треба да ослучат за продолжување на помошта.

Грција мора на своите кредитори да им достави список со реформски мерки за да може да смета на дел од преостанатата транша на помош од сегашната програма на финансиска помош во износ од 7,2 милијарди евра.

Доколку наскоро не добие финансиска помош, на Грција и се заканува банкрот.

Во овој месец Грција мора да врати 820 милиони евра и да издаде 2,4 милијарди евра трезорски записи за да може да функционира државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП