Американскиот долар ослабна во средата на меѓународните берзи, откако во првото тромесeчје забележа најголем кавртален скок кон еврото откако постои единствената европска валута.
Курсот на еврото околу 11:00 часот беше во плус 0,2 отсто, на 1,0789 долари, откако вчера во еден момент се намали за 1,0713 долари, најниско ниво за последните десетина дена.
Американската валута ослабна и кон јапанската, намалувајќи се на 119,55 јени, додека вчера изнесуваше 120,15 јени.
„Претпоставувам дека курсот на доларот вчера отиде малку превисоко, со оглед на состојбата на пазарот“, па денеска уследи корекција“, вели Јеспер Баргман, директор во Nordea Bank.
Тој сепак, не очекува значителен успон на еврото и јенот кон американската валута, бидејќи во еврозоната и во Јапонија се води лабава монетарна политика, додека во САД до крајот на годината се очекува прво зголемување на каматните стапки од 2006 година.
Курсот на еврото во првото тромесечје потона за 11 отсто кон доларот, што е најголема негова квартална загуба од 1999 година, кога беше воведена валутата.
Ваквиот пад е последица на одлуката на ЕЦБ за воведување на програма за откуп на приватни и државни обврзници за 60 милијарди евра месечно.
Еврото во последните денови е под притисок и поради тоа што нема значителен напредок во преговорите помеѓу Грција и нејзините кредитори за рефорите, кои се нужни за да Атина добие натамошна помош и да избегне банкрот и напуштање на еврозоната.
„Грција е темпирана бомба за еврозоната. Доколку наскоро не се постигне договор, би можела да биде исфрлена од блокот, што силно би ја притиснала европската валута“, рече Кати Лиен, директорката во фондот BK Asset Management.
Еврото веројатно ќе остане под притисок и во ова тромесечје, но не така силно како во претходното тромесечје.