17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработените кои првпат се пријавуваат во ФЗОМ не треба да носат потврда...

Невработените кои првпат се пријавуваат во ФЗОМ не треба да носат потврда од АВРМ

fond zdravstveno 233

Невработените лица кои за првпат се пријавуваат во ФЗОМ за стекнување на право на здравствено осигурување, не е потребно да доставуваат и потврда од Агенцијата за вработување на Република Македонија(АВРМ) дека се невработени лица.

„Тие лица во Подрачната служба на Фондот треба да поднесат барање за остварување на право на здравствено осигурување (теркот на барање е достапен преку веб страницата на ФЗОМ, www.fzo.org.mk или на  шалтерите во подрачните служби на ФЗОМ)“, информираат од ФЗОМ.

Од таму појаснуваат дека кон барањето се приложува пријава за задолжително здравствено осигурување, копија од извод од матична книга на родени, односно венчани, копија од лична карта со согласност на подносителот на пријавата и здравствена легитимација.

„Со реализацијата на овој проект во насока на административни олеснувања во работењето се постигнува: осигурениците побрзо да ги остваруваат своите права, поефикасно работење и намалени гужви во подрачните служби на ФЗОМ, како и побрза размена на податоци помеѓу институциите ФЗОМ и УЈП“, информираат од ФЗОМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП