19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСАД го казни германски Bosch поради местење на цени и понуди на...

САД го казни германски Bosch поради местење на цени и понуди на авто-делови

boschepainnen0104

Германскиот производител на авто-делови Bosch призна дека местел цени и понуди на делови наменети за продажба во САД, за што му е одредена парична казна од 57,8 милиони долари, објави американското министерство за трговија.

Bosch се изјасни за виновен за местење на понуди и цени на свеќици, стартери на мотори и сензори за куслород кои од 2000 до јули 2011 година им ги продавал на DaimlerChrysler, Ford, General Motors и Andreas Stihl.

Компанијата е обвинета и за учество во договарање на цени на стартери на мотори наменети за Volkswagen од 2009 до јули 2010.

Не се наведени имињата на останатите компании и поединци кои учествувале во договарањето на цени и понуди, но се напоменува дека Bosch соработува во истрагата.

Изречената парична казна и признавањето на Bosch е резултат на долгогодишна американска истрага во индустријата на авто-делови, во чии рамки 34 компании и 29 директори, претежно од Јапонија, прогласени се за виновни или ја признале вината за кршење на рамноправен пазарен натпревар.

Bosch е трета евроска команија која е казнета во рамки на повеќегодишната истрага. Американските власти досега наплатија вкупно 2,5 милијарди долари казни, а многу директори завршија во затвор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП