12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФинансиите на Формула 1

Финансиите на Формула 1

formula-logo-f-1

Кристијан Силт е ко-автор на Formula Money, годишен извештај кој ги истражува сите финансиски аспекти на Формула 1 со детални податоци на тимовите, возачите, спонзори и трки. Во последното издание тој одговори на неколку клучни прашања околу финансискиот модел на Формула 1.

Кој е сопственик на Формула 1?

КС: Формула 1 Групацијата – компании кои ги поседуваат комерцијалните права на Формула 1, всушност е составен од неколку компании, околу 30 – 40 на број. Нивните инвестиции се во повеќе зони, Обединетото Кралство, Џерзи, Луксембург, Швајцарија, и на повеќе други места, но нивната “мајчинска“ компанија е Делта Торко, базирана во Џерзи. Сопствениците на таа компанија може и да се каже дека се главните сопственици на спортот.

Компанијата е 35,5% во сопственост на приватната компанија со назив CVC Capital Partners. Вториот најголем акционер е американската компанија Waddell & Reed, со 20%. Третиот акционер по големина е Lehman Brothers – околу 12%.  Трастот на фамилијата на Берни Еклстон поседува околу 10% и Еклстон самиот има околу 5%. Нималку комплицирана структура.

formula-finansii

Колку е финансиски стабилна Формула 1?

КС: Формула 1 е неверојатна. Не сум видел компанија како Формула 1 во однос на потенцијал за генерирање приход. Во последните 5 години имавме една/две рецесии и приходот и профитот на Формула 1 се имаат зголемено. Приходот минатата година беше 1,6 милијарди долари. Во 2007/08 беше во близина на $1,2 милијарди.

Од каде доаѓаат парите?

КС: Генерално, 500 милиони долари доаѓаат од промотерите на трките кои го плаќаат своето учество во вид на дозвола да оранизираат трка, потоа уште 500 милиони долари од ТВ каналите за пренос на Формула 1. Потоа имате околу 250 милиони долари од спонзорства, сите оние реклами околу патеката кои ги гледате на малите екрани. Останатите 250 милиони долари доаѓаат од корпорациски донации.

Која е тајната на економскиот успех?

КС: Најголемиот двигател се средствата кои пристигаат од промотерите на трки (500 милиони долари). Повеќето од овие договори вклучуваат клаузули кои ги зголемуваат средствата, до 10% годишно. Одлично развиена стратегија, бидејќи ако гледате на тајните на успехот на Формула 1 може да откриете неколку клучни елементи. Насочување кон Азискиот пазар е едно од нив.

Тоа не беше направено од преголема желба, туку повеќе од потреба. Сигурен сум дека Еклстон ќе каже дека сакал тој да оди во овие земји. Можеби навистина сакал. Формула 1 календарот е ограничен на 20 трки годишно, тимовите се противат на повеќе трки, што креира препрека за експоненцијално зголемување на приходите. Така Еклстон ги однесе трките во пазари во развој.

Стана толку очигледно на земји како Сингапур, Малезија, Кина, Индија, Јужна Кореја дека оддржувањето на Формула 1 трка е одличен начин да се стави сопствената земја на глобалната спортска мапа. Формула 1 е најгледаниот спорт во светот, 500 милиони гледачи годишно, така што ова е добар начин вашата земја да биде видена на ТВ, да го зголеми туризмот и да се естаблира себеси помеѓу други спортски нации.

Дали различни трки плаќаат различна сума на учество?

КС: И тоа како. На пример, Монца (Италијанското ГП) плаќа едноцифрена сума на милиони, додека Сингапур е во близина на 60 милиони долари. Малезија плаќа 66,9 милиони долари годишно. Просечната сума во моментов е 27 милиони долари и тоа поради новите Азиски трки. Во крајна црта, случајот со Азиските трки е различен од тие во Европа. Владите во тие Азиски земји ги покриваат средствата за организирање на трка, додека во Европа, на Германија на пример, не и е потребна Формула 1 да се промовира.

Колку од профитот на Формула 1 оди кај тимовите?

КС: Во принцип, околу 47,5% од профитот се дели помеѓу тимовите или поинаку познато како Фонд на награди. Во 2011 година, профитот беше околу 1,1 – 1,2 милијарди долари така што околу 400-500 милиони долари беа поделени помеѓу десетте тимови. Не се дели еднакво, се базира на перформансите на тимот, или успехот во претходната сезона со други зборови.

Како додаток на тоа, некои тимови добиваат дополнителни средства, од кои Ферари е најголемиот добитник, со 5% од профитот само за себе. Потоа има 2 или 3 фонда од кои се делат средства на најуспешните тимови, најчесто тоа се Ферари, Мекларен и Ред Бул, додека во поскорешни години, Мерцедес и Вилијамс ги имаат заматено работите.

Врвните тимови добиваат бонус бидејќи тие имаат наследство и престиж. Тоа е всушност неверојатно успешна стратегија бидејќи реалноста на нештата е дека мнозинството од другите Формула 1 тимови ги имаат сменето имињата најмалку еднаш во последните 5 години. Катерхам беше Лотус, Заубер беше БМВ, Заубер беше Спајкер. Никој не престана да следи Формула 1 поради овие промени, но доколку ги немавте имиња како Ферари, Мекларен и Ред Бул тоа може да предизвика значителен пад на гледаноста.

Зошто Ферари добива преференцијален третман?

КС: Ферари е тим со најголема историја во спортот. Колку што јас знам, тоа е единствениот тим кој учествувал со секоја сезона во Формула 1. Од критичарска гледна точка, Ферари е единствениот тим во сопственост на производител на автомобили, кој директно потпишува договори со Формула 1, давајќи им на сопствениците повеќе сигурност.

Што е со тимовите на дното?

КС: Постои голем ризик во моментов дека тимови ќе ја напуштат Формула 1 поради неможноста да се одржат во конкуренција, односно поради недостиг на средства за функционирање на нивните секојдневни операции. Марусија се обиде да разговара со нови инвеститори уште во 2011 година, но до Октомври 2012 година не беа во можност да најдат ниту еден. Катерхам пак не освои ниту еден поен. Нивните сопственици имаат инвестирано повеќе пари отколку било кој тим во историјата на Формула 1, за да НЕ освојата поени. Заубер исто така беше пред продавање на одредена Руска инвестициска компанија.

Торо Росо беше ставен на пазарот во 2008 година, но немаше ниту еден заинтересиран. Уште колку Ред Бул ќе продолжи да го финансира помалиот тим кој не е ни од блиску успешен колку постариот брат?

Како еволуира спонзорството?

КС: Тоа што често се случува во последно време е што договорите за спонзорство сега се прават директно со сопствениците на Формула 1. Ролекс и Емирати се присутни во последните 3-4 месеци нон-стоп со огромни договори за нивно спонзорство во Формула 1.

Добивате повеќе работи од спонзорство во Формула 1. Пакети за рекламирање околу патеката, кои се и можеби најдобрата понуда. Предноста на спонзорирање/рекламирање директно во Формула 1 во споредба со спонзорство на тим е гарантиран медиумски простор. Доколку сте тим и имате судир или се откажете од трката, тоа е тоа. Погледнете го Мекларен. Екипа со толкава историја, која имаше толку лоши резултати минатата сезона. Потешко е да се оправда спонзорирањето на Мекларен отколку директно во Формула 1.

Едноставен факт е дека Формула 1 може да расте, но е многу тешко за еден тим да расте. Најголемиот дел од буџетот на еден тим доаѓа од спонзорства. Тимовите постојат за да се обидат да победат во трка. Целта на Формула 1 е да прави пари. Постои голема разлика помеѓу овие две.

Каде можеме да гледаме Формула 1 трка во иднина?

КС: Тајланд е една од опциите. Русија веќе беше додаде минатата сезона. Постојат повеќе земји кои покажуваат интерес. Хонг Конг, Јужна Африка, повеќе трки во Северна Америка – Лас Вегас е силна опција. Грција исто така сака да организира трка, но тоа многу веројатно никогаш нема да се случи.

Кој е конечниот заклучок од финансиите на Формула 1?

КС: Формула 1 Групацијата е во одлична состојба. Се јавуваат прашалници околу состојбата на тимовите, но доколку најдат начин да опстанат, навистина ништо друго нема да биде важно.

Извор www.krug.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП