Кина ја поздрави намерата на Тајван да поднесе барање за придружување на Азијската инфрастукурна инвестициска банка (AIIB), но под „примерно име“, пренесе во средата кинеската новинска агенција Xinhua.
Кинеската канцеларија за прашањето Тајван го прими тајванското писмо со намери и го проследи до секретаријатот на AIIB, потврди портпаролот на Канцеларијата, Ма Ксиогуанг.
Повеќето држави, вкличително и САД не го признаваат Тајван поради притисок од Кина. Тајван не е членка на ОН, Светска банка, ММФ, но е членка на Азијската развојна банка под името „Тајпеј, Кина“.
Кина го смета Тајпеј за одбегната провинција и не ја исклучи можноста од употреба на сила за да ја припои кон матичната држава.
Откако функцијата претседател на Тајан ја презеде Ма Јинг-јеоу во 2008 година, анимозитетот помеѓу Тајпеј и Пекинг е значитлено намален и двете држави потпишаа бројни трговски и инвестициски договори.